27 лица добија решение да го напуштат работното место во Kомунална хигиена – Скопје

27 вработени во Комунална хигиена се известени за одлуката да го напуштат работното место.

Наведените во списокот тврдат дека ваквата одлука дошла по тридневниот протест што го организирале во компанијата.

Се очекува менаџментот на компанијата во наредниот ден да ја соопшти основата за одлуката за отпуштање на овие 27 вработени.