Се чисти сметот, вработените во „Комунална хигиена“ се враќаат на работа

Вработените од „Комунална хигиена“ се враќаат на работа. Оние што работат втора смена ќе продолжат со извршување на работните задачи и чистење на градот. Ова е исходот од средбата меѓу СУТКОЗ и извршниот одбор на Синдикатот на „Комунална хигиена“. Сепак остануваат на барањата за повисока плата и К-15.

Директорката на „Комунална хигиена“ вели дека претпријатието функционира најнормално. Надлежните се на терен и како што додаде Мазнева не успеал политичкиот дефокус од поединци. Смета дека успешно одолеала на притисоците кон нејзе и дека нема да дозволи неработење. Мазнева тврди дека голем дел од оние што протестираа и воопшто не биле вработени во „Комунална хигиена“.

Градските власти категорични-хаосот создаден свесно е надминат во интерес на граѓаните. Арсовска нагласи дека мора да се расчисти со неработниците кои зеле плата на сметка на оние кои чесно си ја работеле работата.