Сејдини ги отфрла обвинувањата на вработените, нема распределба на предметите под рака и нивна застареност

Сејдини ги нарече шпекулации и невистини обвинувањата на дел од вработените во Управниот суд дека претседателот на судот Бурим Сејдини ги распределувал предметите по своја воља а не по АКМИС системот дека над 190 предмети намерно се застарени, како и за нелегални вработувања. Тој ги отфрли ваквите обвинувања и вели дека тоа не е точно и дека претставува обид за негова дискредитација и уништување на интегритетот на судот. Тврди дека не распределувал предмети под рака.

„Со голема одговорност потврдувам дека во Управниот суд немало, нема и нема да има распределба на судски предмети додека јас го водам овој суд. Распределбата била и ќе биде само преку АКМИС системот и согласно Судската регулатива која ја регулира распределбата на предметите. Се друго е на ниво на шпекулации и со индигнација ги отфрлам таквите информации“, изјави Бурим Сејдини, претседател на Управниот суд.

Вработените во Управниот суд го поднеле кривичниот предмет до Финансиската, Антикорупциска и Владината полиција. Пред две недели Судскиот совет расправаше за кривичната тужба, но формирањето на комисијата што треба да изврши увид во Управниот суд се пролонгираше до септември. Од Антикорупциска за „ТВ21“ потврдија дека отвориле случај против Сејдин, но не откриваат дали досега имаат информации од увидот.

„Да, е отворен предмет во Антикорупциска. Веќе се постапува, но рано е да се каже дали има или нема информации за незаконски дејствија“ – изјавија од

Комисија за спречување на корупцијата.

Вработените во кривичната тужба обвинуваат за намерно застарување на предметите поврзани со финансиските предмети на Царина и УЈП за периодот од 2021 до оваа година и дека со ова државата може да се оштети за милионски суми.

„Не може ниту јас ниту некој друг во овој суд да знаеме кога предметот за даноци или царина ќе застари. Покрај прекршоците кои се застарени во согласност со Законот за прекршоци, постојат апсолутни застарености, застареностите се ретки во овој суд во однос на даноците и царините. Додека кога ќе помине апсолутниот рок на застареност од 10 години, верувајте дека се е во интерес на странките во овој процес, поточно на тужителите“, рече Бурим Сејдини, претседател на Управен суд.

За обвинувањата дека Сејдини на суд вработил мајка заедно со нејзината ќерка, што може да предизвика конфликт на интереси, вели дека не треба да има дискриминација, туку да има вработување.