НОВ ХАОС ВО ПРАГА – Полицијата уапси маж под сомнение дека носел бомба !?

Полицијата во Чешка уапси маж на плоштадот „И.П. Павлова“ во Прага под сомнение дека носел бомба.

На местото на полициската интервенција во петокот вечерта сообраќајот бил во прекин, а возовите на метрото само поминувале низ станицата без застанување, јавуваат тамошите медиуми.

Вештаците за експлозиви кои дошле на лице место констатирале дека се работи за лажна тревога, но двајцата мажи сепак се приведени.

Во Прага се воведени зголемени безбедносни мерки, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукотницата на Универзитетот „Чарлс“ уби 14 и рани 25 лица, а потоа се самоуби.