Доаѓа последната полна месечина оваа година: Следува космички хаос за овие 4 хороскопски знаци а за еден дури и крај на љубовната врска (фото)

Се простивме од сезоната на веселиот, опуштен Стрелец и влеговме во сезоната на организиран, амбициозен Јарец. Сепак, и покрај тоа, ќе почувствувате потреба да ги продолжите обврските и да им дадете приоритет на вашите емоционални потреби во однос на продуктивноста, а сето тоа поради влијанието на последната полна месечина во годината. Полната Месечина пристигнува точно на 26 декември, во знакот Рак а често ја нарекуваат и „Студена Месечина“ поради ниските температури во овој период и фактот што е првиот лунарен месец од зимската краткоденица.

Полна месечина

Секако, полната месечина, како и секогаш, ќе влијае на хороскопот на сите знаци на Зодијакот, но нејзиното влијание најмногу ќе го почувствуваат следните четири знаци. Тоа се Рак, Јарец, Овен и Вага – за нив овој период означува значајна фаза на раст и трансформација.

РАК

Оваа полна месечина ви носи многу интензивни емоции, но ќе испливаат и нерешените чувства, оние кои бараат внимание и конечна разрешница. За да спасите некои важни врски, ќе треба да погледнете во себе и да разберете што е тоа на што му треба внимание и заздравување длабоко во вас. Ова лудило ќе ви даде храброст да тргнете по она што навистина го сакате и да ја покажете вашата ранливост.

ЈАРЕЦ

Ова е период кога треба да ги преоцените вашите цели, но и да ги препознаете вашите досегашни достигнувања. Ќе мора да се прилагодите на новите околности, сакале или не, и ќе почувствувате притисок да ги усогласите вашите амбиции со вашето вистинско јас. Ова лунација доаѓа со завршување на циклус или раскинување на договор, но тоа не треба да ве плаши – ќе доведе до нова, уште подобра можност.

хороскоп, јарец

ОВЕН

Ќе доживеете наплив на мотивација под влијание на полната месечина, што значи дека е идеално време да започнете нови проекти или да направите храбри потези кон остварување на вашите цели. Но, во исто време, внимавајте на импулсивните дејствија кон кои сте склони. Грижете се за партнерските односи – вашата врска би можела да биде доведена во прашање, а едно е сигурно – ве очекува важен и сериозен разговор со партнерот.

ВАГА

Полната месечина може да ви донесе чувство на рамнотежа и хармонија. Вашите лични и професионални односи ќе бидат под лупа. Треба да се посветите на постигнување рамнотежа во вашите интеракции. Во овој период ќе имате повеќе семејни обврски од вообичаено, па веројатно ќе се чувствувате уморни поради преоптоварување и на работа и дома.

хороскоп, вага