Израелски авиони нападнаа цели во близина на сирискиот град Дамаск

 – Израелски воени авиони ова утро погодија цели во близина на Дамаск, главниот град на Сирија, објави сириската државна новинска агенција САНА.

САНА, повикувајќи се на воени извори, објави дека израелски авиони извршиле воздушни напади од правец на Голанската висорамнина, напаѓајќи цели во близина на Дамаск.

Се наведува дена сириската противвоздушна одбрана ги пресретнала израелските проектили и соборила неколку од нив.

Во веста на САНА се наведува дека во израелскиот напад е предизвикана материјална штета.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија 2011 година, Израел изведува повремени напади врз групи поддржани од Иран и врз воени позиции на сириската војска.