Прија се огласи после хаосот на концертот во Загреб: Жал ми е! Обезбедувањето ја спречи девојката да се каче на бината

Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ откри што точно се случило на сцената пред крајот на првиот концерт во Арена Загреб.

Александра Пријовиќ
Ќ

Девојка од публиката се обидела да се качи на бината кај Александра, но обезбедувањето ја спречило во тоа. Во моментот кога ја симнувале од бината, припадник на обезбедувањето се сопнал и паднал, па морале да се погрижат за него зад сцената.

Веднаш му била укажана помош, а Пријовиќ на кратко го прекинал концертот и заминала да види дали сè е во ред.

Како вистински професионалец, таа до крајот го одржа концертот на кој на сцената и’ се придружи синот, а на прес-конференцијата откри што се случило.

– Како што секогаш се случува на концертите, момците од обезбедувањето и’ рекле на девојката дека не може да излезе на сцена. Кога видов дека тоа се случува, ми беше жал што таа не се качи и не дојде кај мене. Но, кога и’ реков „ајде“, не ја ни видов повторно – рекла Александра која истакнала дека и’ е многу жал што тоа се случило.