ВИКТОР ОРБАН ИМА ПЛАН “Б“ ЗА УКРАИНА !? Премиерот на Унгарија ја објасни европската стратегија (не)успешна стратегија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека амбициозниот план на Европа за Украина, чии иницијатори се надеваа дека ќе ја победат Русија со финансирање на Киев, „пропаднал“.
„Веќе стана јасно дека оваа европска стратегија, која се уште се спроведува, е целосен неуспех, бидејќи Европа сака Украина да продолжи да се бори, а тие обезбедуваат пари и оружје. Мислат дека Украина ќе победи, а Русија ќе загуби и дека на крајот ќе успеат да го сменат раководството во Русија и да преговараат со новото руско раководство“, порача Виктор Орбан за време на своето обраќање на Самитот на турскојазичните земји во Астана.
Сепак, според него, постои и план Б поддржан од Унгарија, кој предвидува одржување на мирот и безбедноста.
„Повикуваме на мир, на изградба на нова безбедносна инфраструктура која ќе биде прифатлива и за Украина и за Русија“, нагласи Виктор Орбан.