ДАЛИ ЈА ПРЕПОЗНАВТЕ ОВАА ФУДБАЛСКА ИКОНА !? Тој се натпреваруваше за Златната топка, а потоа ја прекина кариерата за да продава правосмукалки

Тој беше еден од најпознатите фудбалери во средината на 90-тите години, а во 1994 година беше четврти во изборот на Златната топка. Станува збор за Томаш Бролин, поранешниот напаѓач на шведската репрезентација кој залудно ја заврши својата играчка кариера на 28 години, а денес продава правосмукалки.

53-годишниот Томаш Бролин својата кариера ја започна далечната 1984 година во Насвикенс, а подоцна меѓу другите играше и за Парма, Лидс Јунајтед и Кристал Палас. За шведската репрезентација одигра 47 натпревари и постигна 27 гола во периодот од 1990 до 1995 година. Кога Томаш Бролин во 1995 година пристигна во редовите на Лидс Јунајтед имаше статус на вистинска суперѕвезда, а потоа за него платија огромни 4,5 милиони фунти. Не е изненадувачки, бидејќи тој пристигна во клубот како четврти најдобар играч во светот, откако и помогна на Шведска да заврши на четвртото место на Светското првенство во 1994 година. Таа година за најдобар беше прогласен Христо Стоичков, пред Роберто Баџо и Паоло Малдини, додека Георге Хаги го подели местото со Томаш Бролин. Не успеа во Лидс Јунајтед, се бореше со повреди и вишок килограми, а навивачите еднаш го прогласија за најлошиот играч на клубот.

слика
Томаш Бролин

Поради гореспоменатите проблеми со повреди и килограми, тој објави крај на кариерата во 1998 година.

Ако сакате да продолжите да играте на високо ниво, треба да тренирате секој ден, но јас не бев подготвен да продолжам да работам. Имав други проекти на ум. Кога престанав да играм, еден пронаоѓач дојде кај мене со својата нова идеја за правосмукалки и ја отворив таа компанија“, изјави еднаш Томаш Бролин за FourFourTwo.

Покрај продажбата на правосмукалки, Томаш Бролин се сврте кон играње покер по завршувањето на неговата кариера, и го имаше своето прво појавување на Светската серија на покер во 2006 година.