Битиќи: Новите антикризни мерки почнуваат од ноември

„Од почетокот на ноември треба да бидат активни некои антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории граѓани“, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој нагласи дека средствата се веќе предвидени во ребалансот на буџетот и кога ќе помине собраниската процедура ќе бидат објавени мерките.

„За трговците не се преземаат антикризни мерки, за некој некаде да пресмета нешто. Ќе се преземат и антикризни мерки за граѓаните, за помош на оние на кои денес им е најпотребна. Сакаме да се справиме со последиците бидејќи причините ќе ги решаваме институционално. Последиците се тоа што денес крајните корисници трпат најголема штета и затоа сметаме дека треба да се фокусираме на мерки, рече Битиќи на денешната конференција за медиуми.

Тој додаде дека се уште се испитува кои ранливи групи ќе бидат опфатени со мерките.