ВИДЕО | ДРАМАТИЧНА СНИМКА – Огромна змија напаѓа мачка, а сопственикот влегува во страшен конфликт со ‘ѕверот’ за спас на неговото милениче

Огромен питон среде ноќ нападнал мачка пред куќа во Бангкок, Тајланд.

Надзорната камера го снимила застрашувачкиот момент кога околу 3 часот и 30 минути до кафезот со мачката дошол питонот, а мачката веднаш започнала панично да мјаука, повикувајќи помош.

На снимката објавена од TMZ се гледа како сопственикот истрчува од куќата и се обидува да го одвлече питонот од кафезот на неговото милениче. Човекот некако ја фатил главата на змијата и пробал да ја извади од кафезот пред конечно да ја фрли во блиска грмушка.

Потоа ги известил властите, кои, според медиумите, се уште не успеале да го пронајдат џиновскиот питон.

Оваа драматична видео-снимка можете да ја погледнете ОВДЕ.

Тајланд е дом на три вида питон. Меѓу нив е и мрежестиот питон од видеото, кој е најдолгиот вид змии во светот.