ВИКТОР ОРБАН ЈА ОТКРИВА “ИДНИНАТА“ НА УКРАИНА – Премиерот на Унгарија тврди: “Тоа може да ја вовлече Европа во војна“

Украина на никаков начин не е подготвена да започне преговори за членство во Европската унија, смета премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Преговорите не можат да се започнат, тоа е јасна унгарска позиција“, изјави Виктор Орбан во интервју за едно радио и додаде дека Украина е многу далеку од членство во ЕУ.

Ден претходно администрацијата на премиерот на Унгарија објави дека Европската унија нема право да ги започне преговорите за членство со Украина бидејќи Киев не ги исполнува потребните услови.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Украина нема да биде подготвена за влез во Европската унија додека во оваа земја не се воспостави мир, а евентуалното членство на оваа земја во ЕУ би им донело на Брисел и на нејзините членки – „војна“!

Да потсетиме дека Европската комисија препорача почеток на преговори со Украина за влез во Европската унија.