Ова е сестрата на Ивица Дачиќ: Таа е позната актерка, стана мајка на 48 години, глумеше во серијата „Семејно богатство“ (ФОТО)

Сестра на политичарот Ивица Дачиќ е актерката Емица Дачиќ, која на 48-годишна возраст се оствари во улогата на мајка.

На прашањето на Ивица Дачиќ по што ќе ја памети 2021 година, тој одговори:

„Станав вујко. Тој настан е најголемиот и најубавиот за нашето семејство, долго го чекавме. Ленка пристигна и веднаш стана миленичка на целото семејство. И таа е горда на мене. Ме гледа на телевизија и ме препознава, па се најавува кога и да ме види, како да сака нешто да ми каже“, изјави Дачиќ за Hello.

За разлика од нејзиниот брат, кој животот го посвети на политиката, Емица и’ се посвети на уметноста. Завршила два факултети, педагошки и актерски кадар, а последните години е вработена во фирма.

Емица Дачиќ сите ја познаваат од серијата „Семејно богатство“ каде ја толкуваше улогата на Зорица, секретарката на судијата Љубомир Старчевиќ Рис, која ја игра Бранислав Лечиќ. Имаше голем број помали улоги во сериите „Доларите доаѓаат“, „Мирисот на дожд на Балканот“, „Јелена“, а играше и во театарски претстави.

Во март 2021 година, Емица на 48-годишна возраст ја роди ќерката Ленка.