Вирусот Ковид-19 ‘фрлен на колена’ – СЗО официјално прогласи крај на пандемијата која одзеде речиси 7 милиони животи
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на пандемијата со вирусот Ковид-19!
„Вирусот Ковид-19 повеќе не претставува глобална здравствена вонредна состојба“, соопшти денеска СЗО.
Комитетот за итни случаи на СЗО, за потсетување, прогласи глобална вонредна состојба поради вирусот Ковид-19 пред три години на 30. јануари 2020 година. Статусот помогна да се фокусира меѓународното внимание на здравствената закана и да се зајакне соработката за вакцини и третмани.
„Укинувањето на вонредната состојба е знак за напредокот што светот го постигна во таа област, но Ковид-19 е сè уште присутен иако повеќе не претставува вонредна состојба“, се вели во соопштението на СЗО.
Генералниот директор на СЗО изрази искрена благодарност до претседателот и членовите за нивниот ангажман и совет во изминатите три години.
За потсетување, повеќе од 6,9 милиони луѓе го загубија животот од вирусот Ковид-19.