ВИКТОР ОРБАН ВО НЕГОВ СТИЛ – Продолжената рака на Кремљ во ЕУ остро ја коментираше војната: “Само во бајка е можно Русија да биде поразена и мирно да се помири со поразот!“

Само во бајка е можно Русија да биде поразена и да се помири со поразот, а во војната во Украина нема да има победници, само губитници“, ова денес го изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Не сум толку имагинативен за да сфатам дека некој може да победи нуклеарна земја. Мислат ли дека Русите ќе стојат со скрстени раце додека ги победуваат, ќе го уништат нивниот политички систем, ќе го убијат претседателот и ќе го нападнат ‘Црвениот плоштад‘ со дронови и покрај сето тоа ви се верува ли дека тие тоа ќе го гледаат тивко и дека ќе се помират со воен пораз. Такво нешто можат да направат само оние кои се уште се на ниво на деца. Тоа се случува само во бајка, додека во реалноста не се случува“, изјавил Виктор Орбан во интервју за унгариско радио.

Владимир Путин и Виктор Орбан

Тој додал дека Унгарија уште на почетокот на војната мислела дека во оваа војна тешко дека ќе има победници, туку само губитници.

Премиерот на Унгарија објасни дека од една страна НАТО ја снабдува Украина со пари и оружје и дека само од Западот и САД зависи колку пари ќе одвојат и колку време се подготвени да ги трошат истите на Киев. Тој додава дека е многу тешко да се поразат современите западни системи за оружје и речиси неограниченото финансирање од американскиот буџет.

Русија, пак, има многу поголемо население, поголема армија, поголема традиција на производство на оружје, а има и најголем нуклеарен арсенал во светот“, нагласил Виктор Орбан.

Претходно прес-службата на Кремљ соопшти дека Украина во текот на ноќта на 3. март се обидела со беспилотно летало да ја нападне резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, Москва.

Два дрона биле онеспособени. Во нападот немало жртви или материјална штета. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков подоцна кажа дека рускиот претседател во тоа време не бил во Кремљ.