Вирусот Ковид-19 ‘фрлен на колена’ – СЗО официјално прогласи крај на пандемијата која одзеде речиси 7 милиони животи

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на пандемијата со вирусот Ковид-19!

Вирусот Ковид-19 повеќе не претставува глобална здравствена вонредна состојба“, соопшти денеска СЗО.

Комитетот за итни случаи на СЗО, за потсетување, прогласи глобална вонредна состојба поради вирусот Ковид-19 пред три години на 30. јануари 2020 година. Статусот помогна да се фокусира меѓународното внимание на здравствената закана и да се зајакне соработката за вакцини и третмани.

Укинувањето на вонредната состојба е знак за напредокот што светот го постигна во таа област, но Ковид-19 е сè уште присутен иако повеќе не претставува вонредна состојба“, се вели во соопштението на СЗО.

Генералниот директор на СЗО изрази искрена благодарност до претседателот и членовите за нивниот ангажман и совет во изминатите три години.

За потсетување, повеќе од 6,9 милиони луѓе го загубија животот од вирусот Ковид-19.