Првиот човек на руската дипломатија се закани: “За нападите на Кремљ ќе одговориме со конкретни акции! Нема да разговараме дали тоа било изговор за војна…“

Русија ќе одговори со конкретни дејствија на нападот со беспилотни летала врз Кремљ, а нема да разговара дали тоа е изговор за војна“, тврди првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Во Панаџи, Индија, каде што учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Шангајската организација за соработка, Сергеј Лавров посочи дека е јасно дека се работи за непријателски чин и оти, како што наведе, „без знаење на претседателот, ‘терористите’ од Киев не можеа да го сторат тоа“, објави руската медиумска агенција РИА Новости.

Очигледно беше непријателски чин, сосема е јасно дека без знаење на сопственикот, терористите од Киев не можеа да го извршат. Нема да одговориме со приказни за тоа дали е ‘casus belli’ или не, туку ќе одговориме со конкретни мерки. Имаме многу трпение – има една поговорка: Русите долго време се впрегнуваат…“, вели Сергеј Лавров.

Тој посочи дека изјавите на Киев и Вашингтон дека не биле вклучени во нападот не значат дека може да им се верува. Според Сергеј Лавров, тој го привлече вниманието на зборовите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој кажа дека САД нема да и ги диктираат на Украина методите со кои таа го брани нејзиниот суверенитет.

Па, тоа веројатно кажува се“, заклучил министерот за надворешни работи.

Според прес-службата на рускиот претседател, „режимот“ во Киев ноќта на 3. мај се обидел да ја нападне претседателската резиденција во Кремљ со два дрона. Истите се соборени со помош на радарски системи за војување, нема повредени.