ФОТО | Целосно потресена и во шок – Неда Украден едвај стоела на нозе: Запалила свеќи и се помолила за жртвите од масакрот во Белград

Српската пејачка Неда Украден денес се приклучи на поворката граѓани кои запалија свеќи на местото на незамисливата трагедија пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград.

Неда Украден

Пејачката запалила свеќи, се помолила, а потоа обидувајќи се да ги избегне фотографите го напуштила местото на хоророт што го зафати Белград.

Неда Украден

Да потсетиме, 14-годишниот Коста К. пред два дена влегол во училиштето со пиштолот на својот татко, прво пукал во училишното обезбедување, потоа во дежурните ученици, а потоа се упатил кон кабинетот по историја. Таму ја ранил учителката, а потоа почнал да пука во своите врсници. Според официјалните информации на МВР на Србија, убиени се седум девојчиња, едно момче, како и училишно обезбедување. Шест деца се ранети, како и учителката по историја.