Вирусот ОРОВ пристигна во Европа, заразениот маж бил на Карибите: Го пренесуваат комарци или крлежи, ова се симптомите
Според Институтот Роберт Кок, треската Оропуче е една од најраспространетите арбовирусни болести во Јужна Америка.
По денга треската, вирусот ОРОВ пристигна во Европа и првпат беше дијагностициран кај маж од Италија.
Станува збор за човек кој најверојатно се заразил со вирусот на Карибите и несвесно го пренел кога пристигнал во Европа.
За овој случај веднаш биле информирани здравствените власти во Венето и меѓународните служби за мониторинг, а сега е време да се испита како ОРОВ може да се шири.
Според Институтот Роберт Кок, треската Оропуче е една од најраспространетите арбовирусни болести во Јужна Америка. Арбовирусите се пренесуваат преку членконоги како што се комарците или крлежите.
Дури 500.000 случаи се дијагностицирани во Јужна Америка од 1955 година, со околу 5.000 случаи во Боливија, Бразил, Колумбија, Перу и Куба помеѓу 2023 и 2024 година.
Како што пишува италијанскиот весник La Rebulica, во моментов нема ризик од ширење на треската во Европа. Вирусот главно се пренесува од тип на комарец кој сè уште не е присутен во нашата клима.
Директниот пренос од човек на човек сè уште не е докажан.
Симптомите на треска вклучуваат висока температура, чувствителност на светлина, главоболка, општа слабост, гадење, повраќање, болки во мускулите и зглобовите.
Потребни се три до осум дена по каснувањето од инсектот за да се појават. Во ретки случаи, се јавува воспаление на мозокот.
Повеќето заболени се опоравуваат во рок од една недела, но за жал, не постојат лекови кои можат да ги ублажат симптомите на треска.