ВИРУСОТ СЕ ШИРИ НИЗ ЕВРОПА Овие две земји се најзагрозени, се огласи Светската здравствена организација

Пронајдени 10.000 мртви птици во финскиот град.

Норвешка и Финска оваа година се соочуваат со рекордни епидемии на птичји грип.

Грипот уби илјадници галеби и други видови, го загрози добитокот и доведе до ограничувања на патувањата во некои области, соопштија официјални лица.

Птичјиот грип циркулира во Европа во последните неколку години, па во мај и јуни доведе до угинување на милиони птици на француските фарми и го наруши снабдувањето со месо и јајца.

10.000 мртви птици пронајдени во финскиот град

Официјални лица во арктичкиот град Вадсо, кој е дел од норвешката област Финмарк, соопштија дека пронашле повеќе од 10.000 мртви птици во областа, а норвешката агенција за безбедност на храна вчера воведе забрана за патување во три природни резервати.

 Избувнувањата што ги гледаме на различни места во Финмарк оваа година се многу повисоки отколку што сме виделе претходно во Норвешка – рече Оле-Херман Тронеруд, главен ветеринарен службеник во Норвешката агенција за безбедност на храна.

Видот H5N1 на вирусот со години се шири меѓу живината и дивите птици, но повремено се регистрирани инфекции кај цицачи како мачки, куни и видри.

Патогената варијанта во Финска особено циркулираше меѓу галебите

Соседна Финска, исто така, објави дека дивите птици се тешко погодени и дека вирусот Х5Н1 досега е пронајден во 20 фарми за крзно, додека претходно оваа недела имаше 12.

„Потврдено е дека патогената варијанта циркулира особено меѓу галебите“, соопшти во средата финското Министерство за социјални работи и здравство.

Човечкиот ризик од H5N1 останува низок

Три агенции на Обединетите нации предупредија овој месец дека глобалните епидемии предизвикаа загриженост дека вирусот може полесно да се прилагоди и да прескокне кај луѓето, повикувајќи ги земјите да го зајакнат надзорот на болестите и да ги подобрат хигиенските услови на живинарските фарми.

Светската здравствена организација соопшти дека ризикот за луѓето од Х5Н1 останува низок, но додаде дека извештаите за инфекции кај цицачите треба внимателно да се следат.