Висок руски офицер им подлегна по повредите: Ранет беше војувајќи со Украина

Високиот руски воен командант Магомедали Магомеџанов почина на 14 февруари во болница во Севастопол, Крим, откако беше ранет, се вели во соопштението на локалната власт на Дагестан, пишува Киев Индипендент.

Во извештајот не е прецизирано каде и кога настанала повредата.

Се вели дека полковникот Магомедали Магомеџанов, од Дагестан, бил заменик-командант на 18-та армија и командант на 61-та одделна поморска бригада на северната флота Киркенес. 

Магомеџанов претходно служел во руските походи во Северен Кавказ и Дагестан, како и во Сирија, изјави шефот на Република Дагестан, Сергеј Меликов.

18-та руска комбинирана армија беше формирана во август минатата година „за да ослободи поискусни единици да се борат на клучните фронтови“ во Украина, објави британското Министерство за одбрана.