Момчето – убиец изненадува со своите барања: Еве што ги праша сега вработените во болницата

Момчето убиец  кое на 3 мај минатата година уби девет ученици и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ е затворен на Клиниката за неврологија и психијатрија на Клиничкиот центар на Србија . Тој е под најстроги безбедносни мерки, а му е забрането да се движи надвор од болничката соба. Момчето, меѓутоа,  последните неколку дена барало од вработените да го пуштат надвор.

– Прво побара да оди на прошетки во дворот на установата, што му е строго забрането. Прво поради неговиот обид да избега, но и поради опасноста да ги повреди вработените и секој што ќе му се најде на патот. Низ решетките на прозорец видел деца како играат фудбал, а потоа побарал да му дозволат да го пуштат да игра фудбал не се откажува од таа луда идеја и тврди дека има право да ја напушти просторијата – според неофицијален извор.

Познато е дека момчето-убиец сакало да гледа и игра фудбал, а често одел на натпревари со своите пријатели и со својот татко, кој моментално е во притвор.

Да потсетиме, против неговите родители, како и нивниот малолетен син се води граѓанска постапка. Оваа постапка е поведена по тужба од страна на семејството на убиеното девојче, кое бешњ во исто одделение со момчето кое го извршило делото.

Исто така, паралелно со оваа постапка се водат уште два граѓански судења. Во втората постапка тужба поднеле вкупно 27 членови на семејствата на другите убиени деца, како и училишниот чувар.

Важно е да се напомене дека еден од обвинетите е и самиот малолетно момче, иако тоа е невообичаено во граѓанската постапка.

Но, во кривичната постапка не е тужен бидејќи во моментот на извршување на делото немал 14 години и не одговара кривично.