Таравари: Како претседател ќе ги помилувам осудените од политички монтирани случаи

На полето на реформите во правдата и правната држава, кандидатот за претседател Арбен Таравари од коалицијата ВЛЕН вели дека ќе ја стопирал селективноста на правдата, ќе ги спречел политички монтирани случаи, но и ќе им простил на оние кои биле жртви на, како што вели, тие монтирани случаи.

„Тие случаи или мора да се решат или да се простат. Разговорите што ги објави Заев, со поранешниот министер за внатрешни работи, за одредени случаи за кои знаат дека не се виновни, но морале да ги задржат затоа што „системот го побарал“. За каков систем зборуваат? Дека народот не бил виновен, но треба да го држиме во затвор. Ова е вознемирувачко. На пример, случајот Алфа. И за ова има докази дека има монтирани случаи. Треба да седнеме и да разговараме за овие процеси за да се најде решение и да функционира владеењето на правото. Се за да се зголеми довербата на граѓаните во правдата“, рече Арбен Таравари во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Како претседател би ја искористил можноста да не потпише некои закони за кои смета дека се против интересите на граѓаните.

„Не би потпишал закони кои се спротивни на мислењето на граѓаните, оние кои ги загрозуваат граѓаните, на пример Законот за коцкање и ред други. Би имал тим кој би ме советувал и врз основа на него би одлучувале за некои закони кои се само во интерес на мала група луѓе и наштетуваат на голем број граѓани“, рече Таравари.