КАРЛОС АЛКАРАЗ ГО ПОРАЗИ ‘НЕПОБЕДЛИВИОТ’ НОВАК ЃОКОВИЌ – Шпанецот победник на Вимблдон: Србинот не успеа да испише историја

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да ја освои 24. Грен Слем титула.

Во фантастичното финале на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ во пет сета беше поразен од Карлос Алкараз, кому ова му е втора Грен Слем титула, со 3:2 (1:6, 7:6 (8:6), 6:1, 3: 6, 6:4).

Новак Ѓоковиќ остана на 23. Грен Слем титули, од кои седум се освоени во Лондон. Воедно ја прекина серијата од четири последователни титули во Ол Ингланд клубот, како и десетгодишната традиција на последниот пораз на Централниот терен.

Шпанецот го заврши и сонот на Новак Ѓоковиќ за златен слем.

Карлос Алкараз ќе го задржи првото место на АТП листата по неговата втора Грен Слем титула.

Финалето траеше четири часа и 42 минути.