‘Вистинскиот’ Роналдо целосно полуде – отпушти половина клуб и тоа на само неколку дена пред почетокот на сезоната !?

Реал Валјадолид ги отпушти спортскиот директор Фран Санчез и неговите помошници на само 11 дена пред почетокот на втората шпанска фудбалска лига, објави спортскиот весник As.

Клубот ја објави веста во понеделникот вечерта, а Фран Санчез се враќал во тоа време за Ваљадолид. Тој во тие моменти со Барселона преговарал за трансфер на десниот бек Иван Фреснеда, според информациите на медиумите.

Покрај Фран Санчез, од должност се разрешени и неговите помошници Луис КасасАнтонио Бареа и Хозе Мануел Ернандез, а на четворицата им истече договорот по крајот на сезоната.

Десната рака на легендарниот Роналдо (кој е сопственик на клубот), стратешкиот директор на спортскиот оддел, Пауло Андре, ја соопшти веста на персоналот, а присуствуваше и извршниот директор Мет Фенаерт.

Покрај тоа, интересно е и отсуството на менаџерот Паоло Пецолано, кој беше назначен за тренер на само седум натпревари пред крајот на минатата сезона. Тренингот закажан за тој ден го водел помошникот менаџер Мартин Варини.

Неколку играчи, Џавад Ел ЈамикХуан Хозе НарваезМикаел МалсаСајле Ларин и Фреснеда, тренираа одвоено од остатокот од клубот, поради потенцијалната можност да го напуштат клубот.

Сеуште не е јасно дали Паоло Пецолано ќе продолжи, а откако во медиумите се појавија шпекулации дека Роналдо се согласил да го продаде клубот пред испаѓањето во минатата сезона, врвните луѓе ќе бидат се позагрижени поради чудното однесување во клубот. 

Целта на тимот е да се врати во Ла Лига следната сезона, но отпуштањето на спортскиот директор во овој момент не ветува добро.