ВИСТИНСКИ МАСАКАР ВО СРБИЈА – Ги нападнал соседите, ја киднапирал, силувал и убил нивната малолетна ќерка а утрото пиел кафе со нејзиниот дедо: “Не знам што се случува…“

Во понеделникот невидено злосторство се случи во Рипањ, во близина на Белград, Србија. 38-годишниот Стојан Илиќ, по 13:00 часот ги нападнал соседите во нивната куќа, а потоа убил 16-годишно девојче, а пред тоа наводно го силувал.

Српската телевизија RTS јавува дека убиеното девојче е родено во 2007 година, а тројца членови од нејзиното семејство се повредени. Осомничениот побегнал, но набрзо бил уапсен од полицијата. Српските медиуми јавуваат дека кога бил пронајден осомничениот, тој најпрвин и се заканил на полицијата со нож, но по преговори се предал. Повредените лица не се во животна опасност.

Како што се сомневаат, според RTS, тој по расправијата со нож повредил три лица, а потоа со автомобил киднапирал 16-годишно девојче нанесувајќи и повреди со остар предмет, од што набрзо девојката починала. Осомничениот, како што се наведува, прво го силувал девојчето, а потоа ја убил 16-годишната и го оставил нејзиното тело покрај пругата.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека е уапсен 38-годишниот С.И., кој е осомничен за крвавиот поход. Како што неофицијално дознава RTS, сестрата на убиеното девојче „за влакно“ успеала да побегне од монструмот. По наредба на обвинител, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, при што ќе биде изваден на распит.

Убиството на девојката Н.П. го зацрни Рипањ, пишува српскиот весник Blic.rsBlic.rs наведува дека постои сомневање дека несреќната девојка била во емотивна врска со осомничениот. Српскиот весник од сосед дознал дека Стојан Илиќ изминативе денови живеел во куќата на семејството кое го нападнал.

Тие беа блиски, тој го знаеше тоа семејство. Живееше со малото девојче во куќата непосредно пред ова злосторство. Ги знаеше нивните навики. Не знаеме што се случи што толку полуде и ја убил, а потоа дојде да ги убие и членовите на нејзиното семејство“, велат соседите за споменатиот весник кои имаат друга верзија на приказната, а тоа е дека Стојан Илиќ прво го зел и го убил девојчето, а потоа се вратил и го нападнал нејзиното семејство.

Соседите велат дека осомничениот има двајца браќа, а тројцата наводно имаат психички проблеми. „Имаше психички проблеми, одеше кај доктори и бајачи, така ми кажа еднаш тој самиот. Тој беше добар со моето семејство, неговите браќа исто така се познаваат со мене“, изјавил еден сосед за новинарите.

Не е црна магија, сигурно! Тој и претходно бил пријавен во полиција, поради проблематично однесување“, додаваат соседите.

Според Blic.rs, Стојан Илиќ, наводно, ги одзел својата малолетна девојка и нејзиниот брат до продавница, а кога братот излегол од возилото, со неа се упатил кон шумата. Таму, како што се сомнева, ја силувал и ја убил, се вратил во нејзината куќа, ги повредил членовите на нејзиното семејство, а потоа избегал.

Тој има своја куќа во која живее. Не знаеме зошто беше со нив деновиве, дали сето ова го планираше. Не знаеме, но ова е голема трагедија. Инаку, куќата на Стојан изгоре порано, кога еден од неговите браќа предизвикал пожар“, рекол друг сосед за споменатиот весник.

Телото на девојчето било пронајдено на неколку километри од нејзината куќа. Нејзиниот дедо изјавил дека немало ништо што укажувало на тоа дека ќе се случи вакво злосторство, а утрото пиел кафе со осомничениот и наведува дека односите со Стојан Илиќ биле добри.

Тој вели дека утрото отишол во Белград да оди на доктор, а кога се вратил од соседот слушнал дека осомничениот ги нападнал неговиот син, ќерка, сопруга и внука.