ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДЕНО – Џо Бајден влегува во претседателската трка: “Да, ќе се кандидирам за втор мандат!“

Претседателот на Соединетите Америкаснки Држави (САД), Џо Бајден потврди дека ќе се кандидира за реизбор на таа позиција во 2024 година, објави Sky News.

Џо Бајден (80 г.) во понеделникот во интервју за NBS во Белата куќа порача дека планира да се кандидира, но сè уште не е подготвен да го објави тоа.

Веќе некое време се шпекулира за негова повторна кандидатура, а Џо Бајден, да потсетиме, минатиот месец се пошегува дека бара „последователен“ мандат.

Иако јавно кажува дека „има намера да се кандидира“ во 2024 година, Џо Бајден секогаш истакнува дека тој е човек кој „ја почитува судбината“, јасно алудирајќи на фактот дека околностите, политички или лични, би можеле да го променат и да го насочат во друга насока неговиот план.

Неговите соработници, пак, велат дека нема сомнеж оти Џо Бајден ќе се кандидира за втор мандат и дека соодветно се подготвуваат за оваа изборна трка.