СЦЕНИ КАКО ОД ХОРОР ФИЛМОВИТЕ – Потполно пијан маж упаднал во ноќен клуб во Србија со моторна пила и извикал: “Што има !?“ (видео)

Пресметките во ноќните клубови не се невообичаени, но за нападите со моторна пила во ноќните клубови не се слуша толку често.

Имено, како што пишуваат соседните медиуми, во ноќен клуб во Крагуевац, Србија, синоќа се случила сцена како од хорор филмовите.

Засега непознатиот напаѓач влегол во ноќниот клуб со моторна пила и предизвикал паника меѓу луѓето.

Според засега достапните информации објавени од соседните медиуми, обезбедувањето на клубот почнало да се справува со напаѓачот, успеало да му ја одземе моторната пила и да го отстрани од местото на настанот.

Како што се испоставило на крајот, напаѓачот бил видно алкохолизиран. На социјалните мрежи се појави и видео-снимка од немилиот настан на која се слуша како некој вика: „Ало, брат ? Што правеш ?“.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ!

Засега нема информации за евентуалните дејствија на полициски службеници од соседна Србија.