ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ – Страшни сцени: Луѓе врескаат и се обидуваат да излезат од запалено комбе кога наеднаш работник на бензинска им ги спасил животите (видео)
Абдула Џејмс, работник на бензинска пумпа во Енген, Јоханесбург, без многу размислување притрчал на помош да помогне на патниците кои се наоѓале во запаленото такси комбе и ги спасил од сигурна смрт.
Абдула кажал дека неговиот прв инстинкт бил да ги спаси луѓето од палење. Еден од патниците кој скокнал од таксито рекол дека бил исплашен за својот живот и дека е благодарен што излегол жив. Абдула се појавил како херој откако ги спасил патниците заробени во таксито кое се запалило веднаш до диспензерите на бензинската пумпа.
Откако се уверил дека сите се безбедни, 35-годишникот отишол да земе апарат за гаснење пожар и го изгаснал пламенот пред да се прошири и да настане голема трагедија.
„Сè се случи толку брзо што мојот прв инстинкт беше само да ги спасам луѓето да не изгорат живи“, кажал Џејмс за инцидентот кој се случил на 31. март.
Во моментот кога сите влегле во комбето, тоа се наполнило и требало да тргне кога наеднаш се запалило. Видео-снимките снимени од безбедносните камери на бензинската пумпа ги покажуваат страшните сцени, додека луѓето во паника кршат прозорци и се обидуваат да го напуштат запаленото возило додека вратите се заглавуваат.
Први патници кои успеале да се спасат се оние од задните седишта, а останатите го скршиле стаклото на таксито. Џејмс истрчал и се обидел да ослободи некои од луѓето што врескале заробени во запаленото комбе.
„Слушнав жена како вришти во таксито, барајќи помош. Затоа, набрзина побрзав да ја отворам вратата за да ја пуштам таа и другите да излезат“, раскажува тој за тамошните медиуми.
На видеото се гледа како Абдула се обидува да ја отвори вратата на таксито кое е заглавено. Во изјава за News24, тој кажал дека луѓето во таксито скокнале од прозорците додека тој се обидувал да ја отвори вратата.
„Се борев да ја отворам вратата при првиот обид, но не се откажав. Потоа успеав да ја отворам и брзо истрчав по апаратот за гаснење пожар за да го изгаснам пожарот“, додал Џејмс.
Откако го зел апаратот за гаснење пожар, тој рекол дека брзо го изгаснал пожарот и со олеснување видел дека сите излегле од таксито и дека никој не е повреден.
„Бев пресреќен бидејќи никој не се запали. Ќе беше страшно“, изјавил тој и додаде дека тој и неговите колеги им пружиле прва помош на повредените додека чекале да пристигне итната помош.