СТРАШНИ СЦЕНИ – Ова видео со неверојатна брзина се прошири низ целиот свет: Погледнете како навивачите му ја скршија главата на фудбалерот на Ајакс! (видео)

Полуфиналето на холандскиот куп помеѓу екипите Феинорд и Ајакс беше прекинато во 63. минута откако домашните навивачи му ја скршија главата на играчот на Ајакс Дејви Класен.

Екипата на Ајакс во тој момент водеше со резлутат од 2:1, а првиот гол го постигна Душан Тадиќ.

На тоа претходеше жестока дискусија помеѓу двајцата капитени, Душан Тадиќ од Ајакс и капитенот на Феинорд Оркун Кокчу. Навивачите фрлаа се и сешто кон Тадиќ на теренот, а Класен го презеде најголемиот товар.