Вицепремиерот Битиќи на проштална средба со австрискиот амбасадор Вуцас

 Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска одржал проштална средба со австрискиот амбасадор, Георг Вуцас.

На средбата, вицепремиерот Битиќи се заблагодарил за придонесот на амбасадорот Вуцас во делот на економска поддршка и промоција на Северна Македонија како атрактивна дестинација за австриските инвеститори, но и за политичката подршка во европската интеграција на нашата земја.

– Верувам дека Австрија ќе продолжи да биде силен промотор и партнер на нашата земја, рекол Битиќи, соопштија од владината прес-служба.

Амбасадорот Вуцас се заблагодарил за досегашната соработка и истакнал дека за Австрија интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ е еден од главните приоритети и изрази убедување за позитивен исход.

– Северна Македонија е модел за решавање на внатрешните конфликти, но и на споровите со соседите, рекол австрискиот амбасадор во заминување,  Георг Вуцас, соопштија од Владата на Република Северна Македонија.