Макрон: Франција ќе ја снабдува Украина со ракети со долг дострел

 Франција ќе започне со снабдување на Украина со ракети со долг дострел, кои ќе им овозможат на силите на Киев да се одбранат, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

– Одлучив да го зголемам снабдувањето со оружје и опрема за да можат Украинците длабински да напаѓаат, додека ја одржуваме нашата доктрина, да и дозволиме на Украина да ја брани својата територија, посочи Макрон по пристигнувањето на Самитот на НАТО во Литванија.

Тој не прецизираше за колку и какви видови ракети Франција ќе и достави на Украина.