Алтернатива за пожарот во кумановскиот суд: Уште еден удар врз кредибилитетот на судството

Раководителот на огранокот на Алтернатива во Куманово, Орхан Куртиши реагираше по палењето во Основниот суд Куманово, поставувајќи дилеми и сомнеж за мотивите и како никогаш не се наоѓаат виновниците во овие повторени злосторства.

„Уште еден удар врз кредибилитетот на судството во Куманово и во Северна Македонија. Интересно е што на секои 2-3 години нашите судови горат, случајно овие пожари се случуваат во просторите каде се чуваат архивите и во никој случај досега не е пронајден виновникот. Не случајно во анкетите за доверливост на институциите, судството е последно по доверба“.

„Чија кожа се чисти? А кој е доволно моќен да го запали огнот и да го скрие чадот? Како што изгледа, и кај овие раководители на оваа институција нема промена во традицијата на криминал и корупција. Агендата на блокот „Проевропски“ почнува да ги покажува првите знаци. Народот вели: „Волкот го менува влакното, но не и табиетот“, рече Орхан Куртиши.

Инаку, денеска во раните утрински часови во пожар беше зафатена архивата на Основниот суд Куманово, додека надлежните се уште ги истражуваат причините за пожарот и не се знае каква штета е причинета.