Петнаесетгодишно девојче се породи а на бебето му ставила хартија во уста за да го загуши! Нема да ви се верува каде се породила и што му направила на бебето по убиството

Против петнаесетгодишно девојче од Унгарија е поднесена кривична пријава поради сомнение дека си го убила новороденчето.

Девојче од градот Емед е осомничено дека по породувањето со остар предмет ја пресекла папочната врвца, а потоа му бутнала хартија во устата на бебето за да го задуши. Потоа го фрлила бебето во дворот на соседот.

Се претпоставува дека девојчето се породило во дворот на куќата на нејзините родители во петокот навечер, а телото на бебето потоа го пренела во градината на соседот.

На петнаесетгодишно девојче му се слошило по породувањето, па нејзините роднини повикале брза помош, која ја однела во болница.

При прегледот било откриено дека тинејџерката се породила многу порано односно, не поминале 9 месеци.

По добиените информации полициски патроли се упатиле кон куќата на девојчето и го пронашле бебето во дворот на соседот.

Бебето итно било пренесено во болница, каде што починало.

Портпаролот на полицијата Тамаш Доби рече дека 15-годишното девојче негирало дека сама се породила и дека го убила своето бебе но доказите го побиваат тоа.

Петнаесетгодишно девојче е приведено на распит.