Зошто мажите бараат љубовница!? Овие 9 работи кои ги прави речиси секоја жена го тераат мажот да се заљуби во друга! Ова најмногу им пречи!

Сајтот за состаноци ,,Викторија Милан” се осврна на темата ,,Зошто толку многу мажи изневеруваат ” и реши да разговара за тоа со момци од целиот свет. Тие анкетирале 8.210 од нив од САД, Ирска, Велика Британија, Шпанија, нордиските земји, Франција, Италија, Канада, Јужна Африка и Полска.

Сакале да откријат кои иритирачки работи кај нивните партнери ги мотивираат да бараат утеха во прегратките на својот љубовник. Ова се најчестите причини:

1.Често го менуваат расположението

Сите ние понекогаш сме во лошо расположение, но имаме навика да го криеме тоа од луѓето околу кои не се чувствуваме удобно. На почетокот на врската, повеќето луѓе се трудат да останат позитивни и среќни бидејќи е полесно да се привлече и задржи партнерот. Меѓутоа, кога врската ќе стане посериозна и постојана, тогаш „кочницата“ се олабавува и понекогаш доаѓа до ерупција на лошо расположение.

2.Премногу љубомора

Дури 96 отсто од мажите во истражувањето изјавиле дека ваквото однесување воопшто не им се допаѓа. Затоа, можно е нивните партнери да имаат вродени проблеми со љубомората, а тоа е она што ги води во прегратките на другите. Од друга страна, можеби се љубоморни затоа што чувствуваат дека партнерот веќе ги изневерува.

3.И’ зборува на другарката за нашата врска

Ова однесување иритира 93 отсто од мажите. Колку подолго сте заедно, толку е поголема веројатноста да имате заедничка група пријатели. Но, може да биде незгодно – знаејќи дека вашите заеднички пријатели знаат сè за вашиот интимен живот.

4.Брзо станува нервозна и избувлива

А тоа е она што ги наведува мажите на прељуба, бидејќи кога се со љубовниците, нема таква напнатост, па попријатно им е така да го поминуваат времето. 90 отсто од нив изјавиле дека нервозата и избувливоста многу им пречи.

5.Никогаш не кажува што сака

Според истражувањето, 89 отсто од мажите изјавиле дека тоа многу им пречи. Тие веруваат дека жените не треба да очекуваат нивните партнери да бидат интуитивни. Тие очекуваат нивниот маж да одвои време за нив, да им помага околу куќата и да ги пофали за нивните напори. Поголема е веројатноста љубовницата да биде поискрена затоа што имаат малку време заедно.

6.Наоѓа начин да го избегне сексот

Ова однесување лути 88 отсто од мажите. Сосема е нормално сексуалниот нагон на жената да се намалува колку подолго е во врска. Вистина е, мажите често имаат посилен сексуален нагон од жените, па се впуштаат во афери за да ги задоволат своите потреби.

7.Постојано сака чувство на сигурност

Изгледа дека многу мажи не сакаат да бидат тие кои постојано ќе ја зголемуваат самодовербата на партнерката за нивниот изглед. Според ова истражување, дури 87 отсто од мажите сметаат дека ова однесување е непријатно, пренесува yourtango.com.

8.Сака да ја поделиме порцијата со храна во ресторан

Се чини дека тоа е најлоша особина на партнерката за мажите во ова истражување бидејќи огромни 65 проценти од нив рекле дека тоа им прави притисок и буди лоши чувства. Жените кои сакаат да делат храна најчесто го прават тоа за да се чувствуваат поблиски со својот маж. Некои можеби го прават тоа за финансиски заштеди.

9.Поставува премногу прашања

65 проценти од посилниот пол изјавиле дека тоа многу ги нервира. Партнерките често знаат да поставуваат прашања бидејќи се грижат за мажот и сакаат да бидат сигурни дека сè е во ред. Но, тоа мажите не го доживуваат како грижа и љубов, туку како иритирачко однесување.