Ново соопштение на косовската полиција: Убиени тројца напаѓачи, неколкумина уапсени

Косовската полиција соопшти дека убила вкупно тројца напаѓачи додека уапсила еден напаѓач и четворица осомничени.

Во соопштението на полицијата Косово, се нагласува дека безбедносната состојба во атарот на селото Бањска сè уште е тензична и дека продолжуваат нападите со огнено оружје врз полициските единици.

Косовската полиција продолжува да ги повикува напаѓачите да се предадат и во исто време ги повикува граѓаните на соработка.

– Според официјалните информации од терен при размената на оган, потврдено е убиството на уште двајца напаѓачи, кои биле маскирани, униформирани и тешко вооружени, а потврдено е и апсење на униформиран и вооружен напаѓач.

Од нападот, полицаецот на КП се здобил со претежно полесни повреди.

При полициски акции, на станбената локација што ја користеле напаѓачите, пронајдена е логистичка опрема, сомнителни воени возила, воени униформи, како и оружје и муниција од различен калибар.

Исто така, при рутинска контрола на возила, во атарот на село Рударе, полициските единици привеле четворица осомничени кои нелегално поседувале радио опрема, а се сомничат дека се поврзани со криминални групи, при што се преземаат понатамошни дејствија против преземени во соработка и координација со правосудните органи.

Официјалните информации засега потврдуваат убиство на тројца напаѓачи, апсење на еден напаѓач, апсење на четворица осомничени кај кои е пронајдена опрема за радио комуникаци, како и идентификација на значително количество оружје, муниција и разновидна опрема – се наведува во соопштението на косовската полиција.