Вицепремиерот Бојан Маричиќ не очекува дополнителни компликации од Софија: “Оваа бугарска Влада е да се завршат обврските што побрзо и да продолжиме понатаму“
„Доколку ја завршиме нашата задача како што треба и согласно она што е запишано во документите мислам дека не треба да очекуваме никакви компликации од Бугарија. Напротив, мислам дека интерес на оваа бугарска Влада е да се завршат обврските што побрзо и да продолжиме понатаму“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по брифингот со новинарите.

Досегашните комуникации со бугарската Влада, оцени Бојан Маричиќ не укажуваат дека има каква било злонамера или какво било наметнување на нешто што е повеќе од она што е запишано во преговарачката рамка, во заклучоците на Советот и во протоколот којшто го потпишаа нашите две влади и јас сум убеден, вели, дека така ќе остане.
„Мислам дека доколку успееме да ги завршиме нашите задачи и нашите обврски нема Бугарија да има кредибилитет да вади дополнителни причини за какво било блокирање и очекувам ако тоа не дај боже се случи да има силен притисок од другите држави членки да се тргнат какви било нови прашања од масата. И затоа мислам дека Бугарија тоа го разбира, но мислам дека и добра волја од бугарската страна да нема нови дополнителни прашања коишто ќе го забават овој процес“, изјави Бојан Маричиќ по брифингот со новинарите.