Ви го пренесуваме рецептот за најбрзата овошна торта која се топи во уста

Овој викенд ви го пренесуваме рецептот за најбрзата овошна торта досега. Готова кора купена во продавница натопена со освежителен портокал и вкусен крем кој многу лесно се подготвува се комбинација на која ретко кој може да и одолее.

Овој рецепт е совршен за сите оние кои би сакале брзо да ги изненадат семејството и пријателите, но и за почетниците кои навистина немаат големо искуство во кујната. Подолу прочитајте рецепт што би можеле да го зачувате и да го повторувате секој пат кога ќе посакате слатко.

Состојки:

Жолта кора

500 мл шлаг

400 мл сок од портокал

350 мл млеко

150 гр мелени бисквити

банани

Јагоди

Подготовка:

Кората поделете ја на три дела. Колачот можете да го направите и во форма на торта за да не ја потрошите кората со тоа што ќе ја исечете во правоаголник. Секоја кора обилно натопете ја со сок од портокал.

Сварете го пудингот според упатството на кесичката, но во 350 мл млеко.

Посебно направете го шлагот и постепено со шпатула во пудингот додајте четири големи лажици шлаг. Остатокот од шлагот тргнете го на страна. На самиот крај во пудингот додадете го бисквитот и соединете го со кремот.

Склопете ја тортата по следниот редослед: пандишпан – крем за пудинг – шлаг – пандишпан – крем за пудинг – јагоди – шлаг. Последната кора завршете ја како првата – со банани и шлаг.

Ставете ја во фрижидер најмалку три часа.

Совет: За да ја спречите промената на бојата, покријте ги бананите со сок од лимон пред да ги наредите.