Ви пренесуваме едноставен рецепт за вкусни мини крофни, со само неколку состојки.
Состојки:
- 350 гр меко брашно (тип 400)
- 2 јајца
- 3 супени лажици шеќер
- ванилин шеќер
- прстофат сол
- 300 мл јогурт
- прашок за пециво
Подготовка:
Во брашното истурете прашок за пециво и додадете го јогуртот и сите состојки, убаво измешајте и формирајте тесто. Смесата сипете ја во „шприц“, па со него ставете во загреаното масло. Гответе додека не порумени, а потоа извадете го на хартиена крпа. Крофните може да се попрскаат со шеќер во прав или да се валкаат во кристален шеќер или да се премачкаат со чоколадо.