ВКУСНО И МЕКО- Не треба да се чека тестото да нарасне: Стапчињата со сирење и сусам се готови за 15 минути
Стапчињата со сирење и сусам се вкусни закуски кои можат да се направат за 15 минути, а одлично се комбинираат со различни сосови и сушени месни производи. Можете да ги јадете за појадок, а одлични се како додаток на вечерата.
Доброто кај овие едноставни печива е што не мора да чекате тестото да нарасне, а можете да го послужите со различни оброци.
Состојките што ќе ви бидат потребни се:
- 500 грама сирење (мора да е верзија на некое свежо сирење)
- три јајца
- една кафена лажичка сол
- една кафена лажичка прашок за пециво
- 15 полни лажици брашно
- 100 грама сусам
- масло
Подготовка:
Јајцата се матат, се посолуваат и се додава малку масло. Потоа додадете сирење. Ако одлучите да додадете фета сирење, прилагодете ја количината на сол. Додадете половина кесичка сусам. Брашното измешајте го со прашокот за пециво и постепено додавајте го во смесата.
Кога тестото е готово, додадете го остатокот од сусамот. Тестото мора да биде меко. Расукајте го со сукало во форма на правоаголник и исечете го на ленти. Загрејте го маслото на средна температура и пржете ги стапчињата неколку минути од двете страни, додека не добијат златно-жолта боја.