Овој рецепт ќе ве врати во детството, барем оние кои се нејзини љубители
Ова е убаво задоволство за оние љубители на тиква кои не сакаат да направат пита и сакаат да јадат нешто слатко!
Подготовка
1 .Исечете ја тиквата на парчиња со иста дебелина и ставете ги во огноотпорен сад за да има што помалку простор меѓу нив.
2 .Одозгора посипете малку шеќер и цимет или ванилин шеќер и истурете млеко да се впие.
Се пече на 220 C додека да испари млекото и да се испече тиквата.
Послужување
Ставете ја тиквата со лажица во чинии и послужете ја топла или ладна по желба. Тиквата ќе биде слатка и сочна и нема да зажалите што чекате уште малку да испари млекото!