Владата ја поништи одлуката за спојување на концесиите за рудникот „Иловица-Штука“

Вчерашнато поништување на одлуката на Владата за спојување на концесиите не го решава проблемот со рудниците „Иловица-Штука“, туку само ја изложува државата на милионски тужби од страна на концесионерот.

Од 2005 до 2016 година се носеле низа позитивни одлуки од страна на инситутциите за да се добие зелено светло за отворање на рудник, а документи со потписниците на истите кои беа презентирани на маратонската прес конференција на министерот…Оттогаш, вели, законот е променет, па Бектеши решението го гледа во носење на акт од страна на институциите дека се загрозува животната средина со што концесиите трајно би се одзеле…

-Ние се враќаме таму каде што бевме, ние не носиме ни негативна, ни позитивна одлука, а министерството за економија инсистира да се донесе некаква одлука, а која е подобрата одлука за интересот на граѓаните ќе покажат времето и аргументите. Министерството за економија е на ставот да се донесе акт каде се утврдува дека, одредена потенцијална инвестиција е спротивна на стандардите за заштита на животна средина. Утредента министерството за економија ќе донесе предлог за раскин на договорот, но да се даде простор да не се носи никаква одлука, да не постапуваат инситуциите, мислиме и сме на ставот дека тоа е голем ризик од арбитражна постапка. – Крешник Бектеши – Министер за економија.

Бектеши воедно демантираше дека ги довел во заблуда колегите од Владата, уверувајќи дека целата постапка хронолошки им била претставена и објаснета. Тој добил уверување од останатите министри дека тоа што го кажале било извадено од контекст.

– Се отфрлува секаква шпекулација која беше изнесена во јавноста. Јас вчера добив потврда од страна на моите колеги дека тоа не го кажале, дека биле излажани или измамени за одредени медиуми и очекувам тоа да излезат и јавно да го демантираат. Министерството за економија работи согласно законските прописи, насоките на судот, кога има одлука на судот како што е во конкретниот случај, вели Бектеши.

Најавата за можно отворање на рудници во Струмичко предизвика незадоволство кај граѓаните кои истите ги нарекуваа „рудници на смртта“, а еко-активистите организираа и протести во Струмица каде добија и поддршка од граѓани, а на истиот беше присутна и министерката за животна средина Каја Шукова, од каде и би требало да пристигне актот кој го бара Бектеши.