На денешната владина седница беше прифатена оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.
Папазов, откако воопшто не се појави во јавноста по пожарот во дискотеката „Пулс“, каде загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени, си поднесе неотповиклива оставка.
Одлуката ќе биде објавена во „Службен весник“, по што Советот на општината ќе треба да именува в.д. градоначалник на општина Кочани.