Влада на РМ: Ги проверивме документите на СДСМ и ги отфрламе како шпекулации и неточни тврдења

Владата на Северна Македонија соопштува дека ги проверила документите што денеска им ги достави СДСМ во врска со работата на министерот за животна средина и просторно планирање. Од Владата велат дека обвинувањата на СДСМ се шпекулации и неточни тврдења.

„Увидот што го изврши Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивската дејност и не е констатирано никакви незаконски дејствија. Оваа административна практика е создадена во 2017 година и континуирано се применува под раководство на министрите од СДСМ и ДУИ во претходните влади.

„Ако според логиката на Кузевска ова е прекршување на Законот, тогаш тоа значи дека законот е прекршен од владата на СДСМ и ДУИ. Владата останува посветена на транспарентноста и ги повикува сите заинтересирани страни да извршат увид во документацијата за целосни и точни информации од јавен карактер, како што бара Министерството за животна средина и просторно планирање“, велат од Владата на РМ.

Инаку, денеска СДСМ достави документи до владата, откако вчера Христијан Мицкоски ги повика сите кои имаат докази за злоупотреби во Министерството за животна средина и просторно планирање да ги достават до надлежните органи.