Влада: Нема непродуктивни трошоци, информациите за залихи на овошје и зеленчук се дезинформации

Владата денеска со соопштение реагира на, како што вели, неточните информации за набавка на овошје и зеленчук.

Ваквите дезинформации, како што нагласуваат, имаат за цел да создадат лажна слика и да манипулираат со вистината, иако изворот на таквата дезинформација е добро запознаен со фактичката состојба.

Заврши времето на државната „јагма“ како што беше во времето на претходната власт. Не е точно дека снабдувањето го врши Владата, туку редовното снабдување го спроведува Службата за општи и заеднички работи и е наменета за нормално функционирање на рестораните во сопственост на СОЗР. Оваа набавка долги години се спроведува по истиот принцип, како што е случајот со секој ресторан во земјава, кој мора да има на располагање разновидни прехранбени производи, иако некои од нив не секогаш се користат, се вели во владиното соопштение.

Владата нагласува дека производи како што се манго, ананас и слични специфична храна никогаш не биле испорачани или нарачани од победничката фирма за јавни набавки.

Економските показатели, како што нагласуваат, ја потврдуваат намерата на Владата да работи одговорно, транспарентно и без непродуктивно трошење. Тие нагласуваат дека се зголемени и цените на услугите и храната во Службата за јавно здравје, така што нема привилегирани лица во користењето на истите услуги.