Влада: 7 и 8 јануари се неработни денови

Владата на денешната седница ја промени препораката за работни празнични денови, донесена на 214-та владина седница.

-Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците, информираат од владината прес-служба.

Препораката што беше донесена на 214-тата седница на Владата предидуваше за време на новогодишните и божиќните празници, односно на 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година, како и на 7 јануари и 8 јануари 2024 година да работат продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало. Предлагач беше Министерството за економија. Како што информира тогаш владината прес-служба, целта на оваа препорака била да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри.