ВЛАДИМИР ПУТИН ГО ПОФАЛИ ИЛОН МАСК – По објавувањето на информацијата за ‘саботажа’ на Украинците, се огласи и претседателот на Русија: “Тој е талентиран бизнисмен!“

Претседателот на Русија, Владимир Путин денес изјави дека американскиот претприемач Илон Маск е исклучителна личност и талентиран бизнисмен.

Што се однесува до приватниот бизнис, тука е Илон Маск. Тој, се разбира, е исклучителна личност. Тоа мора да се препознае, и мислам дека е препознаено во целиот свет. Тој е активен, талентиран бизнисмен и тој работи многу, и со поддршка на американската Влада“, порача Владимир Путин за време на говорот на пленарниот состанок на VIII. Источен економски форум.

Да потсетиме, Волтер Ајзаксон, кој ја напиша биографијата на американскиот претприемач, тврди дека минатата година Илон Маск им наредил на своите инженери трајно да ја оневозможат сателитската комуникациска мрежа Starlink во близина на брегот на Крим за да го попречат украинскиот таен напад на руската морнарица.

Според неговите тврдења, додека дронови на украинската морнарица со експлозив се приближувале кон руската флота, изгубиле контакт и испливале на брегот.

Илон Маск наводно се одлучил на тој чекор од страв дека Русија на украинскиот напад ќе одговори со нуклеарно оружје.

По објавувањето на таа информација, се огласи и поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, кој го пофали Илон Маск и кажа дека тој е „единствениот кој има поим за родово неутрални САД“.