Владимир Путин директно беше прашан кој би сакал да биде новиот претседател на САД: Неговиот одговор изненади многумина
Претседателот на Русија, Владимир Путин, во средата изјави дека неговиот американски колега Џо Бајден е „попредвидлив“ за Москва од неговиот ривал Доналд Трамп, но дека Русија е подготвена да „соработува“ со победникот на претседателските избори во САД, кој и да е тој.
На новинарско прашање кој претседател би бил подобар за Русија, Владимир Путин одговори дека тоа ќе биде Џо Бајден бидејќи „тој е личност со поголемо искуство“.
„Тој е предвидлив, тој е старомоден политичар“, рекол Владимир Путин.
Претседателот на Русија, сепак, одби да ги коментира дебатите во американската јавност за годините на Џо Бајден.
„Кога го сретнав Џо Бајден во Швајцарија, мора да се признае пред три години, веќе се зборуваше за неговата неспособност, но не можам да сведочам за тоа“, вели тој.
„Она што треба да се погледне е политичката позиција и позицијата на сегашната американска Влада, што е крајно штетно и погрешно“, додаде Владимир Путин.
„Москва ќе соработува со американскиот лидер кому американскиот народ му верува, кој и да е“, потврди тој.
Претседателските избори во САД се одржуваат на 5. ноември годинава, а голема е веројатноста Џо Бајден и Доналд Трамп да се соочат еден со друг.