“ВЛАДИМИР ПУТИН Е САМО ЕДЕН!“ – Потпаролот на Кремљ со насмевка на лицето праша: “Колку двојници има претседателот, три или четири ?“

Говорејќи за различните методи на Западот, од кои главната е „лажењето“, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се осврна на онаа во која се вели дека претседателот на Русија, Владимир Путин, има неколку двојници и повторно негираше за тоа.

Колку двојници има Владимир Путин, три или четири, експертите се обидуваат да откријат. И кој од нив положи цвеќе на споменикот на ‘Минин‘ и ‘Пожарски‘ утрово, третиот или четвртиот“, вели Дмитриј Песков со насмевка на федералниот образовен маратон.

Портпаролот на Кремљ не им даде шанса на поддржувачите на теоријата за двојници на рускиот претседател, посочувајќи дека Владимир Путин е само еден.

Дмитриј Песков
Дмитриј Песков

Дмитриј Песков претходно ги демантираше приказните за двојниците на рускиот претседател. 

Тоа спаѓа во категоријата на апсурдни лажни вести, за кои со завидна упорност зборуваат цела низа медиуми. Тоа не предизвикува ништо друго освен смеа“, нагласи Дмитриј Песков.