Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган го решија важното прашање за испорака на милиони тони жито: “Договорот е постигнат!“
Русија и Турција постигнаа начелен договор за испорака на милион тони жито, а наскоро ќе започне работата на техничките детали, тврди заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Груско.
„Сите начелни договори се постигнати. Очекуваме дека во блиска иднина веќе ќе стапиме во работни контакти со сите страни за да ги разработиме сите технички аспекти на шемата за вакви испораки“, тврди дипломатот.
Како што истакна Александар Груско, двете страни треба да разгледаат уште неколку прашања.
„Тоа се логистика, финансии и многу повеќе, рути, дестинации, квантитет“, тврди Александар Груско.
Да потсетиме, претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, се сретнаа во понеделникот во Сочи. Тоа беше нивната прва лична средба по пауза од речиси една година кога разговараа за ситуацијата околу договорот за храна и други прашања.